Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност. 2023тата ќе биде година во која промените ќе ја доживеат својата полна сила. Ќе има многу проекти, поголеми број на помали и една голема победа, вели во својата новогодишна честитка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Годината која изминува остава свои траги. Добри и помалку добри. Спомени, по некоја добра работа, многу емоции, за жал и загуби и предизвици.
Неспособна власт, беспарица, енергетска криза, поскапувања. Тргуваа со националното достоинство, нема правда, а и мирот е кревок.
Трпаат порази на секој чекор за кои вие не сте виновни. Порази кои власта ги прави на ваша сметка и во ваше име.
Премногу е! Ова мора да има крај.
Мора да станеме сите заеднички, да чекориме напред, промените почнаа и враќање нема. Ние имаме право на иднина која ќе е подобра за нашите деца. Таа иднина ние ќе ја обезбедиме.
Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност.
Власта треба да се врати кај народот. Време е. Да создадеме иднина во која веруваме. Иднина која ја заслужуваме
Силно верувам во Вас, верувајте и Вие во себе.
2023тата ќе биде година во која промените ќе ја доживеат својата полна сила. Ќе има многу проекти, поголеми број на помали и една голема победа.
Ќе биде подобро. Доаѓаат подобри времиња.
Предавствата ќе паднат, моралот ќе се врати, законитост ќе има.
Драги пријатели, испратете ја старата и дочекајте ја Новата 2023та година во добро друштво и расположение, со луѓето кои ги сакате и ви значат. Искористете ги моментите и подарете љубов, сетете се на оние кои не се со Вас, прегрнете ги оние кои се со Вас. Посакајте добро здравје, радост и среќа на сите и трудете се да направите се што е во ваша моќ за да овозможите што повеќе добрина.
Да сте живи и здрави.
Ви посакувам среќна, весела и успешна 2023та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.