ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин испратиле барање за средба со претседателот на Република Македонија, а истото е одобрено и според информации од Кабинетот на претседателот, средбата ќе се оствари „во најбрз можен рок“.

Во своето барање Македонците од соседна Бугарија искажаа поддршка на евроинтеграцискиот процес на Мкаедонија.

„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас. Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Румен Радев. Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе нѐ примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ“, стои во барањето на Македонците од пиринскиот дел испратено до Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.