Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија, Нехат Нухи во систем, поточно во медицинска историја најпрвин се водела како онколошки пациент, објави „Фокус“. Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.
Таа не боледувала од никаков вид на карцином, иако во историјата пишува дека „имала“ рак на бели дробови, ниту пак примала онколошка терапија.
Тогаш, останува нејасно која е причината зошто била заведена со ваква страшна дијагноза?
Нухи пред неколку недели во редакцијата на „Фокус“ донесе демант, тврдејќи дека тоа не е точно и дека неговата мајка за време на ковид пандемијата била на клиниката, но не боледувала од карцином.
На најгруб и најнеетичен начин за било каква пресметка, ја мешате и споменувате и мојата мајка, наведувајќи дека сум и измислил некаква онколошка болест за да на нејзино име крадам и препродавам скапи лекови за онколошки болни, кое нешто не само што не е вистина, туку е и спротивно на традицијата на секое семејство во Македонија, кое никогаш не би се повикало на болест на член на семејство, за било каков интерес, па на крај и од суеверни причини, за да не повика злото!
Точно е дека мајка ми била неколку денови хоспитализирана на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но не заради онколошка болест и лекување, туку заради немање капацитет во соодветна болница заради ковид кризата и пренатрупаноста во сите болнички капацитети на универзитетските клиники „Мајка Тереза“, се наведуваше во демантот од Нухи.
Тој вчера во интервју за телевизијата Клан рече дека овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.