Вкупно 22.735 активни членови на СДСМ се регистрирале за да гласаат на внатрепартските избори за нов лидер на партијата. Ова денеска го истакна претседателката на ЦИК за избор на претседател на СДСМ и поранешна заменик-министерка, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

По „чешлањето“ на списоците од страна на општинските организации на СДСМ, Аврамовска Мадиќ очекува да се задржи истата бројка.

-Немаме потреба да се вратиме на бирање на претседателот по стариот статут бидејќи членовите веќе еднаш одлучиле да вршат избор. Бројот на активно регистрирани или тие кои што покажале интерес за гласање, во моментов е помал бидејќи, не мораме да се лажеме, дел од нашето членство се одлеаа во новоформирана партија и имаме членови кои биле разочарани. Сепак, тоа не значи дека тие нема да се вратат. Ќе дојде период кога ќе сфатат дека вистинските политики и демократијата ќе продолжат да се негуваат и ќе можат да останат дел од СДСМ, кажа Аврамовска Мадиќ во емисијата на „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.