Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и Игор Ивановски за член на Совет за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Во рамки на седницата пратениците најчесто едногласно изгласаа уште 15 други законски решенија меѓу кои неколку за избор на членови и заменици членови на повеќе собраниски комисии, претседатели и членови на неколку одбори за доделување државни награди, за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за избор на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование.
По гласањето на овие точки претседателот на Собранието Јован Митрески најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за продолжувањето на седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.