СДСМ има резултати кои вистински и реално прават разлика во секој сегмен споредбено со ВМРО-ДПМНЕ, порача заменик претседателката Сања Лукаревска на денешната трибина „Резултати што прават разлика, на тема инфраструктура што се одржа во Битола. 

-Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Да ги земеме прво платите. Минимална плата –  8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ. Кај пензиите, просечната во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 13.000 денари, а сега со СДСМ е 19.000 денари. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент. Директни странски инвестиции – 760 милиони евра СДСМ во кризна година два пати поголеми од 2016 година. Во енергетиката- 18 мега вати во време на ВМРО-ДПМНЕ и 283 мега вати инсталиран од обновливи извори на енергија во време на СДСМ.  Поврат на ДДВ, нула во време на ВМРО-ДПМНЕ, 2.100 денари во време на СДСМ. Патишта – 600 километри ВМРО-ДПМНЕ за 10 години, 1.400 километри асфалт СДСМ за 6 години.“ порача Лукаревска. 

Заменик претседателката оцени дека со ВМРО-ДПМНЕ државата 11 години беше заробена и изолирана држава, а денеска сме  партнер со САД и со ЕУ, членка на НАТО и со започнати преговори со ЕУ со СДСМ.

-Затоа, резултати и исполнети ветувања што прават разлика е најсоодветно во овој момент што важи за СДСМ, најголемата, најсилната, државотворна партија во земјава, заклучи Лукаревска во обраќањето на денешената трибина Резултати што прават разлика во Битола. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.