Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во гостување во емисијата Топ тема говорејќи за криминалот и корупцијата, изјави дека нема чувство дека институциите се борат против криминалот и корупцијата.

Јас сум поборник дека треба да се бориме против криминалот и корупцијата пред се да не дозволиме некој да биде амнестиран од било какви дејствија, бидејќи кога сме седнале на било која позиција сме си ветиле дека ќе работиме транспарентно и законито. Има институции кои што треба да се превенираат и да се борат против криминалот и корупцијата. Јас многу пати кажувам дека само координирано сите институции кои што имаат овластувања треба да постапуваат – изјави Лукаревска.

Новинарката ја праша дали има чувство дека сите институции постапуваат, Лукаревска рече дека нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.