Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување на земјоделски површини.

Како што информира Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“, тие писмено се обратиле и до АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“. Станува збор за корисници на линиите К1-Бошава и К2-Бошава.

К1 линијата што врши дотур на вода до пумпната станица Вашата е неупотреблива од 2018 година, ништо не е преземено. Затоа пак, земјоделците чекаат вода за поливање од преливните базени на ЈП Комуналец – Кавадарци, во мала количина. Водата оди под слободен пат, а се фактурира како под пумпи, што е незаконски. Затоа треба веднаш да се намалат фактурите по цена – 731 од декар + 5% ДДВ. А за понатаму, во 2024 година, линијата во Ваташа во должина од 850 метри да се направи, пумпите да преработат, да се постават водомери на линиите на корисниците и на базенот кај Југокомерц да се мери влез на водата, а со тоа водокорисниците да бидат правилно задолжени и задоволни, а не како досега на штета на земјоделците, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека „К2 линијата нема вода од 2021 година“.

До денес, освен по два-три дена во сезоната. Затоа, потребно е итно санирање на проблемот и прочистување, за непречена фунцкионалност во наредните години, се вели во писмото реакција на здружението на лозароовоштари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.