„Денес зборуваме за предлог на закон за измени и дополнување на Законот за работни односи по скратена постапка во кој закон се менуваат некои членови кои што се однесуваат на местото и начинот на исплата на платата на работниците кои што работат на проекти од национален и стратешки интерес, прекувремената работа, работа во недела. Во изминатите неколку денови сведоци сме на како Владата по брза постапка без дебата во Собранието носи закони спротивни на голем број начела и уставни одредби. Ваквото носење на законски измени по скратена постапка со европско знаменце е насилна, криминал кој Владата го прави“, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лозановска додаде дека стратешки и национален интерес е да се зачуваат добрата на државата, шумите, плодното земјиште, езерата, а не да се уништуваат.

За каков национален интерес зборувате, кога се откажавте од историското наследство на македонскиот народ“, запраша пратеничката.

Таа посочи дека национален и стратешки интерес е и да се слуша гласот на народот, а не гласот на Артан Груби.

Иако беше потенцирано од претставништвото на ЕУ во Македонија дека државата е должна да го почитува договорот за стабилизација и асоцијација што со други зборови значи овозможување на конкуренција и транспарентност на процесот, Владата тоа не го прави. Законот за работни односи е противуставен, Уставниот суд цитирам донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Таквата одлука на Уставниот суд е конечна“, потенцираше Лозановска.

Пратеничката запраша дали непочитувањето на одлуката на Уставниот суд не е кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.