Министерот за правда Кренар Лога е оптимист дека ќе се најдат потребните 80 гласа за гласање на уставните измени и ќе се отворат преговорите со ЕУ. Тој вели дека договорот меѓу Косово и Србија ќе му даде поттик и на процесот во Република Македонија.
Лога смета дека во ВМРО-ДПМНЕ има совесни луѓе кои на крајот ќе се позиционираат за иднината на државата. Тој додава дека дека не ни треба уште 10 години изолација.
Верувам дека во ВМРО ДПМНЕ има поединци кои се свесни за процесот што се одвива. Убеден сум, на крајот ако не се најде потребната моќ кај лидерот и поединците во ВМРО ДПМНЕ, тоа нема да недостасува и кај другите поединци. На Република Македонија не и треба уште 10 години како во времето на Груевски без перспектива. Не бегаат само албанските граѓани од оваа држава, туку и македонските граѓани бегаат од оваа држава. Не страдаат само албанските граѓани пред вратите на болниците и судовите. Кога зборуваме за монтираните случаи, кај нас се најеклатантните случаи, но во времето на Груевски имавме и македонци кои одеа во затвор поради кражба на ќебапи. Со други зборови, правдата е правда за секого, а неправдата не удира само на едната страна“, изјавуи Лога во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.