Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата помина во конструктивна атмосфера. Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и  иницијативата за нов Изборен законик.

Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите  за нивно побрзо  усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период, а соработката со пратениците да се интензивира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.