Како што е Никоб никој не е. Ниту за чување ниту за лекување. Но ако Никоб чува и Никоб лекува, и така 4 години, чини вртоглави 40 милиони евра.

40 милини евра пари од граѓаните за вршиле во Никоб, покажуваат јавните набавки.

Библиотеки, училишта, универзитети, здравствени установи, Развојна банка, Државниот завод за ревизија, Дирекција за радијациона сигурност, ЕВН, СОЗР на Владата, Фондот за осигурување на депозити, Град Скопје – преку 200 јавни набавки за 4 години покажуваат кој се ги користел услугите на само една компанија за осигурување, а од почетокот на пандемијата и лабораторија за испитување ковид.

Струмичката фирма Никоб, која јавноста ја знае исклучиво по дејноста обезбедување лица и имоти, преку блиските врски на газдата Кирил Лазаров со премиерот Зоран Заев и со неговиот брат, бизнисменот Вице Заев, забрзано се проширува во многу стопански дејности, вклучувајќи ја и медицината.

Обезбедување, земјоделство, винарство, одгледување марихуана, енергетика, медицина – и сево ова за три години, брзина што не можат да ја постигнат ниту најголемите инвестициски фондови.

За илустрација, само во тендери за обезбедување на државни институции, претпријатија и фирми во кои државата има удел, Никоб добил тендери во висина од околу 40 милиони евра од 1 јануари 2018 година.

Уште пред година и половина портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски објави дека постои сомнеж дека преку агенција за обезбедување се испумпуваат парите од профитот што го остварува универзалниот снабдувач заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена. Оваа агенција за обезбедување, рече Арсовски на прес-конференција, има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.

Ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните.
Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен е начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ, рече Арсовски на прес-конференцијата на 30 август 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.