Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет. Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман.
Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес – конференција.
Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Македонија како пример за мултиетничко општество.
Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Cеверна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Cеверна Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Cеверна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.
Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.
Договорот меѓу Cеверна Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Cеверна Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.
Според неа, Владата на Македонија е посветена на иднината и таа и нејзините колеги од Вајмарската група ги поттикнуваат сите луѓе и политички актери во земјата да ја поддржат Владата да го презеде овој, како што кажа Лирамн, пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни амандманите на Уставот.
Сакаме да ви ја дадеме сета неопходна поддршка за успешно да го постигнете процесот на интеграција, рече таа.
Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.
Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на Cеверна Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.