Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, пред неколку дена објави видео од неколку куќи за кои вели дека му припаѓаат на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и покрена многу дилеми за потеклото на имотот на Ахмети.

Во интервју за весникот ЛАЈМ, Лимани вели дека преку овие снимки се обидел да ги отфрли клеветата против него, за поседување на луксузна вила, објавени пред извесно време, од „луѓе блиски до ДУИ“.

Овие објави не се направени денеска. Пред два месеци имаше таков објава порталите кои ги контролираат, обидувајќи се да прикажат дека е моја една од нивните вили која се наоѓа некаде во делот на Буковик. Од тогаш почна овој судир и моето интересирање да видам чија е поконкретно таа и затоа сметав дека е разумно со тие средства со кои тие се обидуваат да ја девалвираат мојата личност, да се обидам да одговорам во однос на овие обвинувања за имот кој не е мој, ниту во моја, ниту во сопственостна моето семејство. Јас само одговорив.

 

Но, нема причина да се грижат толку многу, кога и самиот претседател на тој субјект побара скрининг или скенирање на сите нивни имоти што ги поседуваат и ако им се легални, немаат причина да се грижат. Во секој случај јас сум подготвен и однапред и порано, сум одговарал пред законите, зошто да не одговарам и денеска. Кога сакаат, во секое време, јас сум подготвен да одговарам, не само врз основа на кривични дела, туку на секој начин кој тие ќе одберат“, вели Лимани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.