Левица соопштува дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи.

Пратијата информира дека непосредно пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје.

Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“, соопшти Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.