Левица организира протест против свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб, „Цар Борис Трети“ во Охрид. Од партијата потенцираат дека здружението-основач го одреди датумот на отворање на само четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државен празник 11 Октомври.
На 7 октомври (петок) со почеток од 11:30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив. Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза! Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!“, повикува Левица.
Партијата го нарече Цар Борис Трети „бугарски Хитлер“ а за Владата вели дека ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.