Во претходниот социјалистички систем во Република Македонија беа изградени бројни детски одморалишта како во планините така и покрај езерата. Освен за воспитно – образовна дејност тие служеа и за социјализација, дружење меѓу учениците, спортски активности и така натаму. Тоа ни ја покажува грижата за најмладите која ја водела државата, како своевидна инвестиција во сопствената иднина, велат од политичката партија Левица.

Од почетокот на приватизацијата одморалиштата се прогласени за конкуренција на приватниот туристички сектор, па така тие постепено се занемаруваат и препуштат на пропаѓање.

Наместо да се место каде децата ќе може безгрижно да ги поминуваат зимските и летни распусти, денес, детските одморалишта Голак, Висока Чука, Црвен Крст и многу други, се целосна руина, со уништена надворешност, демолирана внатрешност и разрушени ѕидови.

Иако изминатите години имаше бројни најави од Владата на Република Македонија и Министерство за труд и социјална политика во чија сопственост се истите, со години немаат ништо направено за детските одморалишта и со тоа ја докажуваат континуираната негрижа за најмладите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.