Партијата Левица испрати отворено писмо со кое бара институциите на ЕУ да ги осудат дејствата на Бугарија „за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници“, оценувајќи дека трендот на отворање клубови во земјава кои носат имиња на фашистички дејци со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот во нивните современи облици мора да престане.

Имајќи ги предвид резолуциите на ОН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и појава на фашизам и нацизам, како и Резолуцијата за подемот на неофашистичкото насилство во Европа донесена од страна на Европскиот парламент во 2018 година од една страна, како и молкот и изјавите на претставници на институциите на Унијата, кои во изминатиов период активно учествуваат, го набљудуваат и оценуваат односот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Левица образложувајќи ги дејствијата во Македонија од бугарска страна, побара највисоките и релевантни институции на Европската Унија да го обелоденат нивниот став по ваквите случувања и јавно да ги осудат дејствата на Бугарија за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници со антисемитска, фашистичка и антимакедонска идеологија во трета земја преку злоупотреба на нејзините права на вето како земја членка на ЕУ, наведува Левица во денешното соопштение.

Партијата потенцира дека решила да го испрати отвореното писмо за да ја претстави „положбата во која се наоѓаат македонскиот народ и држава“, поради „целосно отсуство на претставување на вистинската слика за тоа што земја членка на ЕУ прави во трета држава“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.