„СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ, а сега глумат големи душегрижници. СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат.

И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат.

Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.