Владата нема легитимитет. Тројца носител на изборни единица имаме кои што не се согласуваат со политиките. Бегате од сите клучни министерства, имаме енергетска криза а СДСМ не го раководи министерството за економија, здравствена криза не го раководите министерството за здравство, министерството за надворешни работи повторно немате кадар на СДСМ. Бегате од сите клучни министерства и единствено што ви треба е Буџетот за да располагате со државните пари, му порача пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на Дарко Каевски во вечерашното гостување во емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Лефков истакна дека граѓаните живеат се полошо и полошо, апелирајќи дека се потребни предвремени парламентарни избори и избор на влада која ќе има легитимитет, а не како сега влада која единствено само ги користи бенефитите од власта.
За четири години што направивте, 2,4 милијарди евра исчезнаа од државата. Треба д има избори бидејќи тоа ќе значи дека ќе добиеме една легитимна влада, а не ова. Ова е сега е само за да се уживаат бенефитите од власта и немојте да ми кажувате нешто поразлично, бидејќи тоа е вистината, вие само создавате кризи. Граѓаните живеат секој ден се полошо и полошо, се помачен е животот во Македонија. Немојте да градите розева слика, ајде да излеземе на избора, порача Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.