Во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите” имаме предвидено повеќе населени места. Сега се наоаме во Јакимово, продолжуваме Калиманци, Лески, Липец. И во овие населени места се случува она што и се случува на цела Македонија, иселување и сиромаштија поради неспособноста на Владата на СДСМ и ДУИ кои што воопшто не се грижат за луѓето во овој крај, истакна пратеникот Миле Лефков.

Лефков додаде дека граѓаните највеќе ги боли неправдата и влијанието на власта врз судскиот систем.

„А, токму денеска една пресуда од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска докажа дека во Македонија судовите се заробени од СДСМ и ДУИ и дека во Македонија за жал денеска постојат политички затвореници. За 211 години затвор за притворените за 27 април, видовме дека Владата на СДСМ и ДУИ украде над две милијарди евра. За секоја година затвор украдени од една до десет милиони евра. Тие го трупаат своето богатство , а невини луѓе лежат во македонските затвори. Време е да ставиме крај на неправдите, време е за избори и време е за поразување на Владата на СДСМ и ДУИ. Време е да заминат во историја, а оние кои што работеа за нивните интереси, време е да излезат пред лицето на правдата”, порача Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.