Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека носители на извршната власт одамна не се СДСМ, бидејќи се однесуваат како помал коалиционен партнер на ДУИ.
– Пред извесно време кандидираа друг човек од друга политичка партија да биде премиер, со единствена цел да се организираат фер и демократски избори и видовте каков театар се случи во Собранието. Од претседателот на владата беа прекршени повеќе членови межу кои и членот 6 од Законот за политички партии според кој секоја партија може самостојно да ги избира политиките со кои ќе настапува. Тоа беше направено со цел да се спаси на она што го нарекуваат европски фронт. Се обидоа да воведат пракса губитник со губитник. Тоа покажува дека обидите за изигрување на волјата на народот се минато. – рече Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.