Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија е за сите луѓе“ беше помеѓу жителите на Горни и Долни Подлог, Грдовци и Бели во Кочани, каде заедно со граѓаните се разговараше за проблемите кои ги мачат луѓето во Македонија, постојаното иселување, и како што рече „во една година додека неизбраниот премиер е на функцијата над 20.000 луѓе се иселија“.
Лефков нагласи дека луѓето се иселуваат поради нефункционалното судство, поради неправдите на секој чекор и тоа жестоко го чувствуваат како што ја чувствуваат неконзинстентноста на политиките во земјоделието.
– Над 300-400% се зголемија цените на репро материјалите и трошоците кои ги имаат за земјоделието. Сето ова ни укажува дека време е за обединување и конечна победа во Македонија, со вистински избрани народни претставници кои имаат само една идеја и мисла, а тоа е јавниот интерес, рече тој.
Лефков истакна дека овие средби укажуваат дека на луѓето им е преку глава од политика за лични интереси како сега што се води само за блиските до власта.
Време е да се обединиме и да изградиме Македонија за сите луѓе, потенцираше Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.