Полека излегуваат на виделина „голтарите“ од СДСМ кои преку политиката станале милионери. Вчера ВМРО-ДПМНЕ објави за Дарко Каевски, кој на 30 години на сметката има 4 милиони и стан купен во кеш.
Денеска Мите Лефков на прес-конференција зборуваше за милионите на „голтарот“ Стефан Богоев, пораншениот градоначалник на Карпош и висок функционер на СДСМ.
Со плата на политичар никој не се збогатил, туку се збогатуваат корумпираните политичари кои на грбот на народот преку ноќ стануваат милионери. Стефан Богоев и Димитар Ковачевски се типичен примери како преку политика се станува милионер. Стефан Богоев со своите 32 години има огромен милионски имот. Богоев на својот последен анкетен лист кој го пријавил како градоначалник прибележал имот свој личен, и имот на семејството кој се состои од 3 стана во Скопје, два во Охрид и една куќа во Скопје. Богоев има недвижнини како да е агенција за изнајмување на недвижен имот, а не политичар, граѓанин кој земал плата од 60 илјади денари. Но, тоа не е се. Богоев има наведено и 3 автомобили од марките: Сеат, Шкода и Нисан, и скутер од марката Априлија. Имотот на Богоев оди понатаму, па фамилијарниот имот вклучува и земјоделско земјиште во Скопје во милионска вредност од 1,9 милиони. Богоев е функционер од СДСМ, тој бил претседател на СДММ, пратеник и градоначалник, тој е пример за луѓе кои влегуваат како голтари, а од политиката излегуваат милионери, рече Лефков.
Тој го спомена и актуелниот претседател на партијата Димитар Ковачевски, чиј татко бил градоначалник и амбасадор од СДСМ.
Тој се јавува како косопственик во фирмата за фотонапонски панели Пискел гроуп. Според официјалните изјави тој ја напуштил сопственичката структура, но постои дилемата дали Ковачевски навистина се повлекол или е во скриено сопствеништво на фирмата, и дали таа фирма ќе се јави како изработувач на панелите на неколкуте фотонапонски централи во земјава, праша Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.