Младите се движечката сила и имаат моќна улога во промените и прогресот.
12-ти Август, е Меѓународен ден ден на младите. Од 1999 Обединетите Нации го усвојуваат овој ден со цел постојано да се унапредува положбата и правата на младоте.
Либерално-демократската партија го оддбележува овој ден со порака и силна посветеност за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси.
Во Македонија младите се ¼ од вкупното население.
,,Младински вештини за мир и развој“ е темата на овогодинешниот Меѓународен ден на младите.
Либерално-демократската партија, го повикува државниот апарат и приватниот сектор да овозможат клима и поддршка за развојот на претприемништвото, а младите да создаваат иницијативи за развој на вештини и иновации.
,,Ова вклучува финансиска и менторска поддршка за младите претприемачи кои сакаат да започнат проекти и сопствени бизнис инвестиции” е ставот на ЛДП.
ЛДП предлага воведување образовни програми во средните училишта и универзитетите кои ќе се фокусираат на развојот на вештини за медијација, преговарање и миротворство, кои ќе помогнат во зголемување на свеста и компетенциите за мирно решавање конфликти и градење одржлив развој.
,,Минатата година ја промовиравме темата „Зелени вештини за младите: Кон одржлив свет“, токму затоа во Македонија е неопходно да се посветиме и на поддршка и промоција на зелени работни места и одржлив развој, посочува ЛДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.