Порталот Антропол познат и како гласник на политичката партија Левица денеска е фатен како тенденциозно пласира лажна вест.

Самиот Стефан Васев испрати свој став во кој демантира каква било роднинска поврзаност со посочениот директор на Онкологија Нино Васев.

Барам во најкус можен рок да ја повлечете веста (https://antropol.mk/2023/09/03/pretres-vo-domot-na-tatkoto-na-eks-portparolot-na-sdsm/), бидејќи објавена е целосна невистина.

Оттука, целосно ги отфрлам лажните вести и невистините што се шират на дел од порталите и социјалните мрежи за наводната роднинска поврзаност со доктор Никола Васев. Ниту роднински ниту на било кој друг начин не сме поврзани со споменатиот доктор Васев. За изнесените лаги барам повлекување на лажната веста, итно објавување на овој демант и извинување поради повреда на мојата чест и углед.

Во спротивно ќе ги преземам сите мерки за одговорност согласно законот за граѓанска одговорност.

Со почит,

Стефан Васев, стои во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.