Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него.
Очигледно Бугарија ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме – рече Лавров на конференција во Москва.
Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.
Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме – додаде рускиот шеф на дипломатијата.
Претходно македонската Влада одлучи да се тргне забраната за прелет на рускиот авион со кој руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе може да слета во Скопје, откако претходно министерствата за одбрана и за надворешни работи ќе дадат одобрение за прелет и слетување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.