Новинарот Драган Павловиќ Латас во изјава за Канал 5 по денешното покренато обвинение од страна на ЈОРМ за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем вели дека е изненаден дека се бара одземање на пасош.

Јас сум шокиран од тоа дека таму се бараат одземање пасош а јас сум веќе шест години во машината за мелење на СЈО и не сум избегал од државава. Второ, се бара забрана за мој јавен настап, на новинар на кој јавн настап му е пофесија, практично тоа е забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука во процес, вие можете сега да направите забрана и две-три години да не донесете пресуда и три години новинарот не може да врши дејност и да работи.

Мене ми е лично жал ако некој се почувствувал навреден или повреден од тоа затоа што секој има право да си тумачи на свој начин, да ги гледа работите во однос на тоа што ние го покажуваме или кажуваме така да јас можам да се извинам на тие луѓе кои се осетиле повредени или навредени но, кои и го виделе видеото а не само прочитале наслов а некој само им кажал…

До сега е познато дека јас никогаш не сум имал ваков проблем, особено не со жени, и јас ја почнав емисијата (кај Стефан Лазаров) и ја завршив со тоа што е мојот мотив за занимавање со оваа професија. Тоа е што потекнувам од сиромашна населба и маало и што жените во моето маало брзо стареат, и што јас сум видел дека причина за тоа е политика и затоа се бавам со политичко новинарство. Да им помогнам на жените во моето маало да не стареат (брзо).

Што значи жените ми се мотив за бавење со оваа професија а не предмет на еветуална омраза.

И водителот (Стефан Лазаров) и јас кажавме дека ниту тој во својата изјава постирана на неговиот профил на Инстаграм и јас, и овој пат, дека во мојот исказ станува збор за некакво раскажување за силување, не станува збор за силување, но тоа ќе го раскажеме таму каде што институциите не повикале.

Сакам да завршам со тоа дека јас имам триесет и пет години кариера, со над 10.000 направени текстови, прилози, емисии, напишани книги, со шест награди за новинар на година и немам ниту еден спор изгубно на суд за клевета а камоли за кривично дело. И тоа за мене доволно кажува и за мојата работа и моите намери.

Овде е целта да се тргнам од јавност затоа што на интересите на таа власт и на нивните невладини организации јас правам пречка и проблем и во нивната времена мерка се бара првично и императвно – тргање од јавност. Тоа е, црно на бело, и потпишано дека тоа е целта на оваа хајка, изјави Латас за Канал 5.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.