ПАДА ВЛАДА…
Некаде во вакво време, пред избори во 2006 година, се кладиме со еден од бившите премиери на СДСМ кој ќе победи на избори. Мојот став е дека СДСМ паѓа од власт, ВМРО победува… а он тврди обратно.
Влогот е скап – коју губи на другиот да му купи саат, и тоа не било каков, IWC Schaffhausen – по избор на победникот.
ВМРО ДПМНЕ победи, јас добив саат по мој избор, Беше тоа време на фер политичка борба, без омразата и крволочноста која ја внесе провинцискиот шибицар, превараантот Зоран Заев.
Во таа фер борба, јас сред ТВ Дневник на Сител, кога СДСМ е се уште на власт како прилог за политички настани на бившиот премиер на СДСМ со кој се кладевме му ја пуштив, од почеток до крај, оваа балада – ПАДА ВЛАДА… да види пола милион луѓе што е, и што ќе биде вест на денот 🙂
А за се пред и потоа, и ова денеска… за и по изборите кои следат наскоро, за македонските премери од прва рака и лично, во новата колумна што ќе оди на Вечер.мк и Vesnik.com, пишува на Фејсбук, Драган Павловиќ Латас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.