На повидок е антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица.Во едно интервју Мицкоски јавно кажа дека е за коалиција со Левица додека за вредностите би седнал на маса да преговара.
Во друго интервју пак неговиот партнер Апасиев вели дека се подготвени за преговори со ДПМНЕ и дека сите опции им се отворени, oбвини Богданка Кузеска од СДСМ
Левица е проруска, анти-НАТО и анти ЕУ партија која се поклонува на диктатори како Енвер Хоџа.Радикална десница, вљубена во режим исто како и ДПМНЕ.
Тоа се антиевропските вредности на коалицијата ДПМНЕ и Левица, на Мицкоски и Апасиев.
Одамна е се јасно, сега само се потврдува. На претстојните парламентарни избори ќе имаме два политичка блока.
Првиот проевропски блок, предводен од СДСМ кој се бори за европска иднина, поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и европски вредности.
И еден антиевропски блок од ДПМНЕ и Левица кој е за изолација и кој значи економско уназадување, стагнација и оддалечување од европската унија и демократскиот свет.
Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите и неизвесност.
Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.
Затоа антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз од граѓаните на изборите наредната 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.