Ги очекуваме изборните резултати, уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај поддржуваат и ќе ја поддржат европската иднина на Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство и горда членка на Европската Унија, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Ние повикуваме сите кои имаат право на глас да одлучат за иднината на граѓаните и за иднината на државата. Сепак, во демократијата, моќта на граѓаните е токму преку нивниот глас. Претседателските избори имаат два круга. Ги очекуваме резултатите, ги прибираме информациите и наскоро ќе излеземе со информации поврзани со резултатите“, кажа Кузеска.

Изборниот ден го оцени како демократски, со став дека граѓаните својата волја ја изразиле слободно и достоинствено, како што доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.