Косовскиот премиер Албин Курти упати јасна порака до шефот на Македонија да остане што е можно поблиску до Косово, Албанија и Бугарија и што подалеку од Србија, јавува ТВ21.
Ова, како што рече Курти, е затоа што овој пристап ќе и обезбеди на Македонија најбрзо можно членство во Европската Унија и безбедност на Западен Балкан.
„Колку е поблиску Македонија до Косово, Албанија и Бугарија, и колку подалеку од Србија, која не се дистанцира ниту од Милошевиќ ниту од Путин, толку поблиску ќе биде до влезот во Европската унија и ќе биде побезбеден регионот. Балканот. И за ова мора да помогнеме и ќе ја поддржиме Македонија“, рече Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.