Дали крајот вака мириса?

Со имињата што се вртат за пратеници на листата, од авион се гледа дека СДСМ не мисли на изборите туку на денот по изборите.

Акционерското друштво оди во стечај. Борбата е кој ќе биде стечаен управник и ќе тргува со стечајната маса.

А и кој ќе оди сургун или чија глава ќе се пазари, чија не.

Струмичката пиљара уште е прилично жива и работи на спасување на сопствената глава, но и на спасување на нејзините подопашни мувички, бидејќи тие би можеле да бидат опасни ако се зад решетки.

За тоа време бароницата од Дебар маало си плете клот-фркет, заради разонода. Ама никој не се загледува веќе во плеталото.

П.С. Тоа не значи дека коњокрадството нема да се бутка до последен ден, се викало тоа Митилинеос или како и да е, пишува во објавата на Фејсбук, Софија Куновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.