Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.
Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.
Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.
Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.
Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, дополнуваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.