Недостасува политичка волја, проблемот е во оние кои носат одлуки, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ за тоа зошто се чекаше да почине пациент со цистична фиброза за власта да го набави лекот Трикафта.

Алармот кај надлежните се вклучи откако почина пациент со цистична фиброза. Зошто се чекаше да почине пациент, па Димитар Ковачевски да се разбуди?! Премиерот Ковачевски вели замислете „тешката” бирократија била виновна, како може бирократијата да е виновна па дури и тешка. Ако добие насока ќе постапи и ќе ја спроведе процедурата. Сали, веќе министер во здравство на заминување, ја префрла вината на Ковачевски. Вели министерството за здравство побарало да се обезбедат средства, ама немало глас ниту од Владата, ниту од Ковачевски лично, велат од ВМРТО-ДПМНЕ.

Набавката на трикафта чини околу 20 милиони евра, а толку ќе треба да се плати отштета за раскинување на договорот за градба на нов клинички центар.

Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува кога станува збор за граѓаните. Зошто премиерот Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја, правење коалиции и договарање позиции! Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави е непроценлива затоа мора да си заминат веднаш, велат од МВРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.