Бојан Јовановски-Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, останува во затвор. Кривичниот суд донесе одлука за која посочува дека ја испратил и до подносителот, а со која ја одбива жалбата преку која осудениот се бореше за привремен прекин на казната поради влошено здравје. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, пак, не ја добил одлуката, па дури вели и дека поднел нови докази, со кои побива дека Јовановски може да продолжи со издржување на казната, oбјави А1он.мк.

Оваа одлука на судот доаѓа по денешното писмо на правниот тим на Јовановски во кое тврдат дека неговото здравје е нарушено и оти е во животна опасност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.