На денешниот конгрес на Алијансата на Албанците организиран од крилото на поранешниот претседател на партијата Зијадин Села, тој повторно беше избран за лидер, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото предводено од Таравари, на кој тој беше реизбран за претседател на партијата. Беа потврдени одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП). Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.