Четири иницијативи за утврдување на уставноста се на дневен ред на петтата седница на Уставниот суд на Македонија, што ќе се одржи денеска.
Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје.
Втората иницијатива се однесува за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.