Зарко Милошевски, е истурен играч на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски е вработен во службата во време на СДС, а унапредуван во време на Зечевиќ.На местото директор на АНБ доаѓа од позицијата Помошник директор за безбедносни проверки. Тој е на висока позиција во АНБ веќе 7 години. 7 години Милошевски е вмешан во голем број случаи за издавање Македонски државјанства. Таков е и случајот Онишченко, обвини денеска Драган Ковачки.

Документот – позитивната оценка од АНБ за давање на Македонско државјанство на рускиот олигарх и шпион Александар Онишченко кој е објавен на социјалните медиуми е доказ за нашите тврдења дека сегашниот директор на АНБ Зарко Милошевски е една од причините поради која истиот добил Македонско државјанство.

Од документот објавен на социјалните медиуми се гледа дека: Агенцијата за национална безбедност во допис од 03.03.2022 година го известува Секторот за Управни и надзорни работи при МВР дека за лицето Александар Онишченко не постојат пречки од безбедносен карактер кои би спречиле издавање на Македонско државјанство.

Позитивното мислење од АНБ е одговор на Барање за проверка од МВР од 26.04.2021 година. На кое АНБ одговара скоро цела година подоцна односно на 03.03.2022 година.

Потенцирам, барањето мислење до АНБ е доставено додека премиер на владата е Зоран Заев, а е дадено во време кога со владата управува Ковачевски. И тоа истата е дадена за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски на чело на владата, иако претходно со Заев МВР чекало за проверката повеќе од 9 месеци.

Зошто откако Ковачевски доаѓа за премиер случајот Онишченко во АНБ се решава за неполни 3 месеци и зошто документот е потпишан од Зарко Милошевски?

Имено од документот со кој се дава позитивна оценка од АНБ за прием во државјанство на Онишченко јасно се гледа дека истиот во крајна инстанца е одобрен од страна на сегашниот директор на Агенцијата, Зарко Милошевски.

Зарко Милошевски го одобрил документот и ги верифицирал и легитимирал проверките, кои сега гледаме дека не биле направени, а Виктор Димовски како тогашен директор само се потпишал на веќе изготвениот документ.

Зарко Милошевски е директно одговорен за безбедносниот пропуст направен од АНБ за случајот Онишченко, и во ниту еден случај не смеел да биде поставен за директор на Агенцијата, особено не додека случајот се уште не е расчистен.

Ковачевски повторно излезе цвикатор и не дозволи завршување на работата на собраниската комисија, туку брзаше да назначи нов директор и видете апсурд – сега треба да ја продолжи истрагата и би требало да се истражува самиот себе додека бил помошник директор?

Поставен ли е Зарко Милошевски на таа позиција бидејќи 7 години го печел занаетот како одговорно лице за безбедносни проверки во АНБ, и како таков е човек кој е поврзан со давање на најголемиот број на Македонски државјанства на странци врз основа на постоење на особен економски интерес?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.