Влада де јуре e на СДС, де факто e на ДУИ. Влада која е создадена и се одржува исклучиво на лукративни побуди и влада која во основа го има антимакедонизмот, порача пратеникот и член на ИК на денешната собраниска говорница Драган Ковачки.

Нема добар ден и за нелегитимниот премиер кој работи против македонските национални интереси и кој повторно преку партиски акробации подготвени во главниот град на една соседна држава е подготвен да ги спроведи сите барања кои ќе му бидат ставени сите барања на маса, а за возврат да остане месец плус како премиер – рече Ковачки.

Ковачки го нарече Ковачевски слуга на Ахмети и исплашен политичар кој е поставен на позицијата премиер за да биде жртвуван.

Слугата на Ахмети како и до сега е слеп послушник и извршител и не е свесен дека е донесен на местото премиер за да биде жртвуван, кој е исплашен политичар и бега од тв дуели и нема ниту еден ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки се осврна на неспособноста од досегашните министри, прашувајќи каде се предлозите за разрешување и на другите министри кои имаат неуспех од досегашното министерување.

Каде е предлогот за разрешување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ги прекрши сите вредности со масовна партизација во делот на вработувања и унапредувања како и незаконското носење на решенија за вработените, исплата на парични средства на лица кои што не ги следува и кои што дозволи министерството да ја изгуби професионалноста, да нема авторитет и да биде ставено во партиска функција. Пет месеци некој си поигрува со безбедносниот систем со лажни дојави за бомби, а МВР е реактивно. Најавувате експертски тимови, оперативни тела и на крај што имаме, ништо. МВР е мртво ткиво и затоа имаме пораз на вкупниот криминал на државата, затоа што сите гледаат и знаат дека во Македонија нема систем. Премиер каде ви е предлогот за разрешување на Славјанка Петровска која направи хаос во системот со плати со министерството и наместо да постапи по закон кој што тука го гласавме таа изнаоѓа квази решенија кои на крај ќе завршат и дополнително ќе го оштетат буџетот – праша Ковачки.

Таравари ќе влегуваше во влада заради Европа, а ни продава средовековна заостанатост. Ковачевски како и по обичај молчи, изјави Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.