Оливер Спасовски да не се чуди зошто само 1 од 4 граѓани и’ веруваат на македонската полиција, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Драган Ковачки.

-Откако им украдоа оружје од среде полициска станица, новите информации укажуваат дека полициски службеници биле директно вклучени во крадење на бакар од трафостаница која во надлежност на Полициска Станица за Граничен надзор Чашка. Според тоа шо ни е доставено и јас го објавувам, полицајците, наместо да ја чуваат трафостаницата, ја отвориле истата и го извадиле бакарот од неа за да го продадат. Е до толку е отидена работата. Наместо да ги ловат криминалците, полицајци се директно вклучени во кражба. Брука! Одговорен за тој реон бил извесен Бобан Димитровски – на кој покрај тоа што му бил роднина на Оливер Спасовски, за денот на полицијата од страна на Спасовски му беше доделена и некаква плакета за заслуги, истакнува Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.