СДС свесно лаже кога вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тоа е така затоа што се фатени во предавство на националните и државни интереси, и се против вистинска интеграција на државата. Ковачевски треба јасно да одговори кој предлог го избира од ВМРО-ДПМНЕ. Првиот е преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур, и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата. Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси – истакна Ковачки.

Ковачки рече дека ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на иденитетот и ќе прифати нешто во тек на преговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет. СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери.

1. Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки?

2. Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега, и оставајќи простор во тек на преговорите со ЕУ, Бугарија да не блокира секогаш кога сака и со тоа да ја принудува Македонија да си го уништи целосно својот идентитет?

Јасно е се како бел ден. Што се однесува до понудата на Бујар Османи дека го отстапува местото Албанец премиер на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е дека ова е најјасен доказ дека вистинскиот газда во владата е ДУИ, а не СДС и Ковачевски. И второ ДУИ оди во опозиција и не е во состојба да поставува услови. Единствената сила која дава и зема власт не е Османи, не е ниту ДУИ, туку народот на Македонија – додава Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.