Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.

„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.

Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.