Ги слушам од СДС велат дека било храброст да донесеш тешки одлуки…. да смениш име, да смениш устав, да прифатиш бугарски диктат. Јас на ова ќе ги прашам директно…. вредеше ли ова предавство? Знаете ли колкав товар и срам им оставате на вашите семејства. Со наведнати глави ќе се шетатате и вие и тие. Вредеше ли да се откажете од името, од Уставот, од историјата? Ова го истакна носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки на вечерашниот митинг во Штип.

Тој додаде дека не можат да зборуваат за храброст луѓето кои го крадат народот и некогаш не биле на негова страна.

Не е храброст да прифатиш се што бараат другите. Не ми зборувајте мене за храброст. Над 25 години поминав во Армијата. Ги поминав, со моите соборци, македонски ќерки и синови и 2001-вата, и немири и акции и војни. Браневме вредности, браневме стратешки интереси и во мисии и во Ирак и во Авганистан,….гордо ја носев униформата затоа што верувавме во Македонија. Јас и моите соборци со длабока почит се поклонуваме на македонското знаме. Со особено чувство на гордост и посебна почит ја пееме македонската химна. Овие работи за секој Македонец имаат посебно место во неговото срце. И не ми зборувајте мене за храброст вие кои седите во скутот на Али Ахмети и со другата рака ја крадете Македонија. Не зборувајте за храброст кога ниту еднаш не бевте со народот, и сте причина за сите негови страдања и порази – потенцираше Ковачки.

Затоа, додаде Ковачки, овие избори се и за тоа да ја вратиме Македонија. Македонија која има надеж и иднина. Македонија на луѓе со гордо кренати глави и сила која создава промени.

Јас Драган Ковачки стојам овде пред вас и ви велам овие избори се последната шанса да си ја спасиме државата. Затоа е важно да излезете и гласате. А првиот чекор е веќе во среда. Во среда не се само претседателски избори, туку првиот голем удар за детронизирање на оваа власт. Затоа ве повикувам сите луѓе од Штип, од славниот исток, да излеземе и масовно заеднички да испишеме историја за денот кога народот ја вратил Македонија во своите раце – нагласи Ковачки.

Ковачки додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за работа и конкретна понуда содржана во програмата Платформа 1198 каде луѓето се на прво место.

Иако изборот кој ќе го направите е многу важен момент, сепак самиот избор никогаш не бил полесен. Разликата меѓу нас и власта е огромна. За сметководителката на мафијата, заедно со луѓето од СДС кои се понуда во третата изборна единица овие избори им се уште еден мегдан за лажење и манипулирање. Време е да им се стави крај. Време е да се соочат со одговорност. И време е Македонија да биде повторно твоја, на луѓето на Македонија, на чесниот и трудољубив народ, подвлече Ковачки и додаде:

Победата ќе биде тирумф на народот кој си ја враќа државата. Бидете горди на тоа што заедно ќе го направиме. Затоа што имате голема причина за тоа. За вас, вашите семејства, За Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.