Поднесовме предлог закон за дополнување и изменување на законот за служба во армијата. Овој закон гои поднесовме затоа што во изминатиов период во армијата се случуваат штетни последици од работењето на кадрите на СДСМ, од поранешната министерка Радмила Шекеринска и сегашната министерка Славјанка Петровска во делот на систематизирањето, односно носењето на нова формација во армијата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница.

Ковачки истакна дека со носење на нова формација во армијата поедини лица беа поставени по таа нова формација, а други по старата формација и на едно место сега по две лица земаат плата.

– Тие што се од постара формација не можат да заминат во пензија затоа што законите тоа не го овозможуваат. Ние предлагаме заминување во пензија со 40 години стаж без разлика на возраста и тоа за мажи, додека за жени со 38 години. Втората работа која е предлагаме е изедначување на пензиите, кај сите лица кои биле во составот на армијата од самото формирање до денеска и практично тие лица да им се оддолжиме затоа што тие учествувале во самото формирање, сакаме да им се оддолжиме на луѓето кои учествуваа во различни воени дејствија и во мировните мисии кои заслужуваат да бидат истретирани како што заслужуваат односно нивните пензии бидат изедначени со постоечките, потенцираше Ковачки.

Ковачки додаде дека во делот на третирање на професионалните војници кои после 45 годишна возраст заминуваат од армијата со предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ се нудат две опции или да се префрлат во институциите на државната управа или да државата им исплати по 1000 евра за секоја година помината во службата на армијата.

– На овој начин ќе им се одолжиме, затоа што тие се под договор и во таа возраст на 45 години да останат на улица е некоректно. Исто така во овој предлог закон предлагаме враќање на ингеренциите на началникот на Генералштабот, односно кои беа одземени од оваа власт која тоа го направи за да може да ја партизира армијата, рече Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.