Ковачевски живее во паралелна реалност, уставни измени под бугарски диктат нема, ВМРО-ДПМНЕ понуди предлози, а тој уште не се изјаснил, му предочија од опозициската партија на премиерот по неговата изјава дека „Не“ на Мицкоски станало „Да“.

Јасно е дека Ковачевски е збунет зошто се приближува времето кога ќе мора да ги стави уставните измени во Собрание на гласање и ќе се види дека нема 2/3, од тој момент натаму нема да може да манипулира.

На Ковачевски и сега му јасно дека нема 2/3, но купува време.

ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за надминување на кризата, од кои ниту еден не е прифатен до сега од Ковачевски.

1. Уставни измени со одложено дејство кога ќе станеме членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, а потоа опозицијата која ќе биде да го поддржи следниот концепт. Барање на гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, барање финансиска помош од ЕК за македонската економија и граѓани, барање до Бугарија да исполни најмалку 3 пресуди на ЕСЧП поврзани со правата на Македонците во Бугарија, па тогаш гласање на уставни измени.

Ковачевски се што сака, е да изгласа уставни измени под бугарски диктат, без да има некаква гаранција за Македонија, нејзината европска иднина, но и за многувековниот идентитет на нашиот народ.

Ковачевски да не живее во паралелна реалност и нека каже кој предлог го прифаќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.