Од страна на познат подносител, на ден 12.10.2022 година, доставена е пријава и оформен против Димитар Ковачевски поради постоење на основано сомнение дека во својство на Заменик министер за финансии и како мандатар за избор на нова Влада, можел да влијае врз исплатата на државна помош кон фирмата Пиксел Груп, основана од него и неговиот кум, а подоцна во посед на неговиот кум Горанчо Паунов, со кој има финансиски интерес, па оттука има однос на блиско лице. По оваа претставка постапување Комисијата за спречување на корупција.
„Заради проверка на наводите изнесени во пријавата и утврдување на фактичката состојба, обезбедена е потребна документација од Фонд за иновации и технолошки развој Скопје, Влада на РСМ-Комисија за евалуација на барањата за доделување на финансиска поддршка и инвестиции, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ, Управа за јавни приходи на Република Македонија, Историјат на промени и Тековна состојба од Централен регистар на РСМ, Анкетен лист.
Врз основа на анализа на доставената документација се констатира дека Димитар Ковачевски со Одлука на Собранието на Република Македонија донесена на седница од 23.09.2020 година, објавено во „Службен весник на РСМ“ бр.230/20 од 24.09.2020 година, ја извршува функцијата на Заменик министерот кој раководи со Министерството за финансии. На седница одржана на 16.01.2022 година, Собранието го избира Димитар Ковачевски за Претседател на Влада на Република Македонија, а Одлуката за избор е објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.11/22 од 17.01.2022 година.
Се констатира дека Димитар Ковачевски и Горанчо Паунов се јавуваат како сопственици на Друштво за производство, трговија, промет и услуги ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со упис на основање 09.11.2017 година, а управител на овој правен субјект е Горанчо Паунов. Промена на сопственичкото право е извршено со поднесување на пријава на 29.09.2020 година за истапување на содружник и со упис од 05.10.2020 година, кога од сопственичкото право се брише Димитар Ковачевски, а единствен сопственик е Горанчо Паунов. Од Историјат на промени се констатира дека Димитар Ковачевски, од основањето на ова правно лице не ја вршел функцијата на управител.
Врз основа на овие обезбедени податоци се утврди дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси што пропишува ограничувања за вршење на дејност за време на вршење на функцијата.
Од обезбедените податоци од Фондот за иновации и технолошки развој Скопје, се констатира дека на ден 13.12.2019 година Фондот има објавено јавен конкурс за аплицирање по скратена постапка за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој“ На објавениот јавен конкурс се јавиле 45 апликанти, меѓу кои и „ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ“,Скопје .
На 10.03.2020 година Комитетот за одобрување на инвестиции, како единствен надлежен орган за донесување на конечна одлука за финансирање, има донесено позитивна одлука за предлог проектот „Разработка на технологија и производство на бифацијален фотоволтаичен модул“. Одлуката бр.09-751/6 од 10.03.2020 година е потпишана од Претседателот на Комитет за одобрување на инвестиции, а според добиените податоци, на овој конкурс одобрено им е вкупно на 29 апликанти.
Врз основа на донесена одлука, на ден 13.08.2020, Фондот за иновации и технолошки развој склучил Договор бр.09-1952/1 за доделување на финансиски средства преку Инструментот за поддршка-Кофинансирани грантови за технолошки развој со „ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ“ Скопје. Проектот е завршен на 28.02.2022 година, а исплатите била извршена во четири наврати.
Врз основа на доставените податоци се констатира дека Димитар Ковачевски сметано од 23.09.2020 година ја извршува функцијата на Заменик министер за финансии, а одлуката во врска со објавениот јавен конкурс е донесена на 10.03.2020 година, додека пак Договорот е склучен на 13.08.2020 година, односно пред да стане Заменик министер.
ДКСК утврди дека конкурсот е објавен, одлуката е донесена и договорот за доделување на средства е склучен пред Димитар Ковачевски да стане заменик министер, па оттука не може да се примени член 52 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Понатаму се констатира дека Проектот е завршен 28.02.2022 година, односно исплата се вршела и кога станал Претседател на Влада.
Според наводите во пријавата Димитар Ковачевски согласно член 72 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во случај на сомневање за постоење судир на интереси, бил должен да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес, ова имајќи предвид дека исплата се вршела спрема правен субјект на неговиот кум Горанчо Паунов.
Видно од Историјат на промени за правниот субјект „ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ“ Скопје, од денот на основање управител е Горанчо Паунов, а по изборот на Димитар Ковачевски за заменик министер, истиот го пренел сопственичкото право, а на управувачкото право, бидејќи тој никогаш не бил управител на овој правен субјект.
Согласно наведеното, лицето Горанчо Паунов не може да се смета за лице со кое Димитар Ковачевски има приватен интерес согласно член 45 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, каде што се бара да се пренесат управувачките права и тоа лице не може да се смета за блиско лице на службеното лице Димитар Ковачевски.
Имено, средствата се обезбедени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој Скопје, поради што Димитар Ковачевски, како заменик министер во Министерството за финансии не можел да носи одлуки во врска со исплата на средства спрема овој правен субјект.
ДКСК врз основа на обезбедената документација во предметниот случај, не утврди постоење на конкретни дејствија, кои упатуваат на сомневање за постоење судир на интереси од страна на службено лице, поради што не констатира повреда на член 72 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Во врска со Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ се констатира дека на 15.10.2019 година има склучено Договор за доделување на финансиска поддршка бр.12-7946/1 помеѓу „ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ“ Скопје и Владата на РСМ, а средствата се исплатени на ден 31.12.2020 година, 30.12.2021 година, 28.12.2022 година.
Барањето за исплата на средства врз основа на склучениот договор се доставува до Агенцијата, по што се доставува до Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, односно на понатамошна проверка и исплата од страна на Генералниот секретаријат при Владата на РСМ.
Од обезбедената документација се констатира дека Договорот е склучен пред да стане Заменик министер, а средствата се исплаќале кога бил Заменик министер и претседател на Влада на РСМ, но овластено лице, односно потписник при исплата е Заменик на Претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи“, велат од ДКСК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.