Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот Македонија 2025 рече дека Македонија и Албанија како земји-членки на иницијативата „Отворен Балкан“ се заложници на политиката на Бугарија за блкокирање на евроинтеграцијата. Според Ковачевски, иницијативата на Македонија, Србија и Албанија ќе донесе зголемување на поединечниот бруто домашен производ кај трите земји.
Иницијативата „Отворен Балкан“ е произлезена од трите држави како практична имплементација на четирите слободи на проток на стока, услуги, капитал и луѓе. По сите основи на економската логика, иницијативата е позитивна – креира поголем пазар на капитал и економија на обем. На почетокот на јуни на следната средба во Охрид ќе го видиме и премиерот на Црна Гора. Нормално дека ова не претставува замена за нашата евроинтеграција, меѓутоа нашата интеграција, и таа на Албанија, е заложник на Бугарија и сведена е на зборувањето за историја, што практично гледам дека сите земји од ЕУ гледам дека го оправдуваат. Зборувањето за нешто што се случило пред 150 години а не за ветувања е класична уцена и не носи никаков бенефот. Затоа сметам дека зборувањето за теми кои ја засегаат иднината на државата, сегашната економија, треба да се водат сите разговори- рече Ковачевски на панел-дискусијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.