За мене не е ништо поважно од тоа да ја поминеме оваа зима и да не оставиме никој зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина „Силно и одлучно“ вечерва во Охрид.
Никој не е оставен сам и никој нема да биде оставен сам. Допревме до секое семејство во земјата. Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари а пензиите за една година за 16.00%. Во календарска година тоа е најголемо зголемување досега. Ја субвенционираме цената на струја за сите домаќинства, за 72.000 компании и ранливи семејства со 80% од реалната цена. Обезбедивме топли училници во речиси 500 училишта и соодевт аподдршка за компаниите во време на криза, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека антикризните мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот, дадоа со плод, економијата е спасена а цените почнаа да се намалуваат.
-Антикризните мерки вродија со плод – цените на храната почнаа да се намалуваат. Со мерката за обезбедување поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10%, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.