Значењето на денешниот празник е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје.

Премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на момчето кое го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

-Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден, изјави Ковачевски по церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.